ЅВЕЗДИТЕ НА ФИЛМОТ ЗА СУПЕРМЕН СЕ ВНЕСЛЕ ВО УЛОГИТЕ Актерите продолжиле да се бакнуваат на сетот и по завршувањето на сцената

Снимката од зад кулисите на филмот „Супермен“ предизвика лавина реакции, откако актерите Дејвид Коренсвет и Рејчел Броснахан, кои ги толкуваат Супермен и Лоис Лејн, продолжиле со бакнувањето и по завршувањето на снимањето на сцената.

171

Ѕвездите на филмот Супермен — Дејвид Коренсвет и Рејчел Броснахан — станаа вирални откако, како што изгледа, ја продолжиле сцената со бакнеж и по тоа што режисерот извикал „рез“. На социјалните мрежи се прошири снимка од зад кулисите на филмскиот сет, во која, според многумина, имало „хемија“ меѓу Коренсвет и неговата колешка Броснахан, која ја толкува улогата на Лоис Лејн.

На снимката, која на платформата X ја споделил корисникот @godsandmortaIs и која е прегледана 37 милиони пати, се гледа како Броснахан се наведнува и во лицето нежно го бакнува Коренсвет.






Се слуша како режисерот на Супермен, Џејмс Ган, вели „рез“, по што Броснахан се наведнува и дава уште еден бакнеж само неколку моменти подоцна. Наизглед безазлениот момент меѓу актерот и актерката оттогаш „експлодира“ на социјалните мрежи, а многумина шпекулираат за вистинската природа на односот меѓу Броснахан и Коренсвет.

Теории на фановите
„Како луѓето излегуваат со актерки, човече“, напишал некој како реакција на снимката, додека друг додал: „Никогаш не би можел да се оженам со актерка. Зошто се бакнуваш и по завршувањето на сцената?“

Други, пак, не биле убедени дека моментот е нешто загрижувачко, бидејќи бакнежот на Броснахан уследил многу брзо откако Ган рекол „рез“, што сугерира дека можеби таа немала време да реагира пред вториот бакнеж.

Поврзани содржини