Шели Дувал, ѕвездата на филмот „Сјаење“ – хорор класикот на Стенли Кјубрик, почина на 75-годишна возраст. Според првичните информации, актерката починала од компликации од дијабетес денеска во својот дом во Тексас, пишува „Variety“.
Актерката разви тешко психичко растројство и во 2002 година се повлече од очите на јавноста