Британската актерка Софи Тарнер (24) стана позната по улогата на Санса Старк во веројатно најпопуларната ТВ-серија на сите времиња, „Игра на тронови“, а лани се омажи за поп-пејачот Џое Џонас (30), со кого, како што пренесува ТМЗ, го доби првото дете.
Тарнер и Џонас станале родители минатата недела, и сè се одвивало во строга тајност, како и нивната венчавка своевремено. Сепак, американските медиуми дознаваат дека девојчето го добило името Вила.
Тајната свадба се случи во капела во Лас Вегас, по музичките награди „Билборд“, а јавноста дозна дека британската актерка е бремена во февруари.
– Софи избира многу внимателно што да облече во јавноста за да го скрие трудничкото стомаче – рече еден од изворите блиски до парот во тоа време, а Софи и Џое ретко се појавуваа во јавноста после тоа.
FOTO: Instagram