ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ ПРОГЛАСЕН ЗА НЕМАТЕРИЈАЛНО КУЛТУРНО ДОБРО Владата го стави под заштита

За Василичарите во Вевчани се утврдува режим на заштита од прв степен, со повеќе мерки на заштита.

227

Вевчанскиот карневал е прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, соопшти Министерството за култура.

„Со оваа денешна одлука на Владата се овозможува зачувување и афирмација на машката василичарка поворка како дел од зимските обреди со маски, која е зачувана и се практикува во автентична и интегрална форма од локалната заедница во Општина Вевчани, соопшти Министерството за култура.






Како што е наведено во Одлуката, по своите карактеристики „Обредните поворки со маски (карневал) – Василичари во Вевчани“ се издвојуваат со својата автентичност и зачуваност на формите на маските, василичарското оро, верувањата и обредните практики.

За Василичарите во Вевчани се утврдува режим на заштита од прв степен, со повеќе мерки на заштита. Преку поддршка и поттикнување на носителите за изработка на автентични маски ќе се обезбеди одржливост на древната манифестација, ќе се обезбеди пренос на знаењата за изработка на маските и вештините за свирење на традиционалните музички инструменти кои се дел од поворката. Од особено значење е што традицијата на еден од најстарите карневали во светот ги вклучува и младите генерации и се зачувува како културно наследство.

Со донесувањето на Одлуката за прогласување на Василичарите во Вевчани за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, се обезбедува воспоставување трајна заштита на доброто и негова категоризација во согласност со Законот за заштита на културното наследство“ – се вели во соопштението на Министерството за култура.

Поврзани содржини