ВЕТУВАА СТУДЕНТСКИ ГРАД, А ЌЕ ГИ ПРИВАТИЗИРААТ ДОМОВИТЕ Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по најавените кратења од студентскиот живот

Попов смета дека секоја од наведените мерки само ќе доведе до дополнително уништување на веќе мизерниот студентски стандард.

150

ВМРО-ДПМНЕ апелира до Министерството за образование (МОН) да ја преиспитаат одлуката за приватизација на студентските домови.

На вчерашната одлука на Влада ги видовме мерките за таканаречена рационализација на расходите во Министерството за образование кои предвидуваат дополнително уништување на веќе мизерниот студентски стандард. Во таа рационализација имаат предвидено намалување на стипендиите, намалување на студентскиот оброк и приватизирање на студентските домови. Едно од поголемите ветување беше изградба на студентски градови. Од ветување за студентски град стигнавме до приватизирање на веќе постоечките студентски домови во кои, да напоменам, немаат шајка заковано – рече Сергеј Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција.






Тој смета дека секоја од наведените мерки само ќе доведе до дополнително уништување на веќе мизерниот студентски стандард.

Поврзани содржини