ВЕТО ВО БРИСЕЛ НА ЧЕТИРИГОДИШНИНА ОД ВОЈНАТА Орбан бара Зеленски да ја одврти славината на „Дружба“

Будимпешта ја блокира финансиската помош и новиот пакет санкции токму на четиригодишнината од војната. Орбан го условува договорот со обновување на транзитот преку нафтоводот „Дружба“.

436

Унгарија го блокираше 20-тиот пакет санкции против Русија и заемот од 90 милијарди евра за Украина, барајќи Киев да го врати транзитот на нафта преку нафтоводот „Дружба“. Одлуката ја закочи европската дипломатија во пресрет на четвртата годишнина од руската агресија.

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, не очекуваше договор.






– Ќе разговараме за 20-тиот пакет санкции, но не мислам дека денес ќе има некаков напредок. Сепак, ќе направиме сè за да се случи тоа – рече таа пред состанокот на министрите за надворешни работи.

Нафтоводот „Дружба“ беше оштетен во руски напад на 27 јануари. Унгарија ја обвинува Украина дека го отежнува поправањето.

Калас коментираше:

– Не треба да поврзуваме работи што воопшто не се поврзани – изјави таа, оценувајќи дека транзитот на евтина руска нафта нема врска со санкцискиот пакет.

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул најави дипломатска офанзива.

– Не верувам дека е исправно Унгарија да ја предаде сопствената борба за слобода и европски суверенитет. Ќе ги повикаме да ја преиспитаат својата позиција – рече тој.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коштa, и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер лајен, заминаа во Киев по повод четиригодишнината од војната. Очекуваа договорен пакет и финансиска поддршка.

Калас не го дели оптимизмот на американскиот преговарач Стив Виткоф за можен брз напредок во разговорите за мир меѓу Русија и Украина.

– Не го делам тој оптимизам. Видовме притисок врз Украина да се откаже од она од што не сака да се откаже. Тоа не носи траен мир – рече таа.

Поврзани содржини