ВЕТЕРАНИТЕ НА ОНА МУ ГО ВРТАТ ГРБОТ НА ДУИ? Хазби Лика и Гзим Острени на средба со челниците на Вреди

Пред вториот круг од локалните избори, албанската политичка сцена во Македонија доживува силен шок – пишува информативниот портал на албански јазик „Актуале“.

1,790

Хазби Лика и Гзим Острени, поранешни припадници на ОНА (УЧК), деновиве имаа средби со Билал Касами и Изет Меџити од коалицијата Вреди, што од дел од медиумите на албански јазик во Македонија беше протолкувано како јасна порака за нивна поддршка на политиките на Вреди.

„Пред вториот круг од локалните избори, албанската политичка сцена во Северна Македонија доживува силен шок. Две познати личности од поранешната ОНА Хазби Лика и Гзим Острени, беа видени јавно на пријателски средби со лидерите на опозициската коалиција Вреди, сигнализирајќи јасно оддалечување од ДУИ и Националната алијанса за интеграција“, пишува информативниот портал на албански јазик „Актуале“ во својата статија со наслов „УЧК ги напушти ДУИ-НАИ, Хазби Лика и Гзим Острени видени покрај Вреди!“






Порталот пишува дека Острени, една од највлијателните личности од периодот на војната, имал срдечен разговор со Изет Меџити, додека, Хазби Лика, една од личностите со голема тежина во структурите на поранешната УЧК и во политичките случувања по конфликтот во 2001 година, бил виден во друштво со Билал Касами во Тетово.

Поврзани содржини