ВЕТЕР ЌЕ (ДА) ПОДУЈНЕ Добрила и Дориан ќе го промовираат својот трет албум
Промоцијата на новиот новиот албум на Добрила и Дориан „Wind To Blow” (Ветер да Подујне) ќе се одржи вечерва (21 мај), во Аудиокултура, а неговата концертна промоција ќе биде на 4 јуни во НОБ, во рамките на 25.Оффест.
Музичкото дуо Добрила и Дориан го најавија издавањето на својот нов, трет по ред албум, насловен „Wind To Blow“ (Ветер да подујне). Изданието, кое излегува под етикетата на „SJF Records“ (Скопски џез фестивал), ќе доживее двојна промоција пред македонската публика.
Првичното претставување на компакт-дискот ќе се одржи вечерва, 21 мај (четврток), во просториите на „Аудиокултура“, со почеток во 19:30 часот.
По оваа слушачка промоција, публиката ќе има можност да го слушне материјалот и во живо, на голема концертна промоција која ќе се случи на 4 јуни во Националната опера и балет (НОБ), во рамките на 25-тото јубилејно издание на фестивалот „ОФФест“.
Новиот музички проект доаѓа по нивните претходни успешни изданија „Апокриф“ и „Пиле Шарено“.
Во овој проект, Добрила Грашеска се претставува со вокал и вокални лупови, додека Дориан Јовановиќ е задолжен за ут, лупер, електроника и програмирање.