ВЕСКОВСКИ СЕ ОБВРЗА НА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА ОКОЛИНА Гоу Грин ќе биде негов партнер

Кандидатот за градоначалник на Карпош потпиша меморандум за соработка со организацијата Гoу Грин.

181

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од редовите на СДСМ, Душко Весковски и Мила Јовановска, претседателка на Гоу Грин потпишаа Меморандум за соработка.

Гоу Грин е младинска организација за одржлив развој и заштита на животната средина која работи на полето на младинскиот еко-активизам, образование за климатски промени и одржлив развој како и социјална инклузија за зелена економија






Водени од заедничкиот интерес за заштита на животната средина, младинскиот активизам и водењето политики кои промовираат одржливо користење на природните ресурси, потписниците на овој Меморандум ќе се залагаат за реализација на проекти за доброто на заедницата, врз основа на принципите за транспарентност и отчетост.

Поврзани содржини