🎥 ВЕШТЕРКИТЕ СЕ ВРАЌААТ Сандра Булок и Никол Кидман откриваат нови детали за „Практична магија 2“
На CinemaCon, двете актерки кои ги повторуваат своите улоги како сестрите Овенс, открија нов тизер трејлер за долгоочекуваното продолжение на култниот филм „Практична магија“
На најголемиот и најзначаен светски собир на филмски работници кој се одржува секоја година во Лас Вегас, CinemaCon, Сандра Булок и Никол Кидман, кои ги повторуваат своите улоги како сестрите Овенс, открија нов тизер трејлер за долгоочекуваното продолжение на култниот филм „Практична магија“.
Актерките повторно го разгореа интересот на фановите за долгоочекуваното продолжение на култниот филм „Практична магија“, откривајќи нови детали за приказната на „Практична магија 2“.
За време на претставувањето, Булок се пошегува со Кидман, алудирајќи на нивната позната соработка и популарната реклама за кино-салите на „AMC“.
„Зошто доаѓаме овде, Никол?“, праша Булок, а Кидман одговори: „Доаѓаме на ова место за магија.“
Потоа Кидман со воодушевување извика: „Вештерките се враќаат!“, на што публиката реагираше со аплауз, додека Булок низ шега додаде дека „ѝ ја пресекла репликата“.
Во новиот тизер, ликот на Булок, Сали Овенс, вели: „Сигурно сте слушнале за семејството Овенс. Од Масачусетс. За кои соседите шепотат дека се вештерки.“
Продолжението ја следи приказната во која ќерките на Сали влегуваат во младешка возраст и почнуваат да ги откриваат своите магични наследства.
Во меѓувреме, Гилијан Овенс (Никол Кидман) го оставила својот претходен живот исполнет со авантури и опасности и сега живее потивок живот со црна мачка покрај себе.
Сè се менува кога мистериозна личност (Ли Пејс) пристигнува во нивниот мал град во Нова Англија, носејќи нов предизвик за сестрите.
Никол Кидман откри дека оригиналната куќа од првиот филм е повторно изградена и дека приказната ќе ги „врати минатото, судбината и семејните врски“ на главните ликови.
Сандра Булок низ шега додаде дека Сали е сè уште сингл, алудирајќи на проклетството од љубовната приказна во оригиналниот филм.
Во продолжението се приклучуваат и нови актери, меѓу кои Џои Кинг како ќерката на Сали, како и Мејзи Вилијамс, Ксоло Маридуења и Соли Меклауд.
Своите улоги ги повторуваат и Стокард Ченинг и Дајан Вист како тетките кои ги одгледале сестрите Овенс и секогаш ги охрабрувале да ја прифатат својата магична природа.
Ченинг повторно ја игра Френсис „Франи“ Овенс, додека Вист ја толкува Бриџит „Џет“ Овенс.
Во изјава од 2025 година, режисерката Сузане Бир и тимот зад филмот истакнаа дека се возбудени што го враќаат семејството Овенс на големото платно, повеќе од 25 години по оригиналниот филм.
– Пред 25 години, Сали, Гилијан, тетка Џет и тетка Франи излегоа од страниците на романот на Алис Хофман и стигнаа во кината низ светот. Возбудени сме што повторно ја носиме оваа приказна со новата генерација ликови – стои во соопштението.
Оригиналниот филм „Практична магија“, базиран на романот од 1995 година, ја следи приказната за сестрите-вештерки кои се борат со семејно проклетство што ги погодува мажите што ги сакаат, додека се обидуваат да ја прифатат својата магична природа и сопствениот животен пат.