ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ СЕ ВОВЕДУВА ВО СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Бреинстер, МОН и Факултетот за информатика во Штип потпишаа меморандум

На факултетот за информатика во Штип подготвуваме документ со насоки за наставниците и за учеицеите околу примената на вештачката интелигенција за што ќе биде вовед во воведување конкретни предмети за секое одделение во училиштата, изјави министерката за образование Весна Јаневска.

316

Министерството за образование и наука, Факултетот за информатика од Штип и Бреинстер, приватна високообразовна установа ќе соработуваат во воведување на вештачката интелигенција во наставата во средните училиште.

На конференција денеска, 18 јули, беше потпишан трипартитен меморандум. Министерката за образование и наука Весна Јаневска изрази задоволство што и јавна и приватна образовна установа со своето знаење ќе им помогнат на институциите во имплементирањето на интегрирањето на оваа технолошка иновација во наставните програми.






– Исто така, важно е и учениците да стекнат вештини за етичкa примена на вештачката интелигенција. Не очекува многу работа. На факултетот за информатика во Штип подготвуваме документ со насоки за наставниците и за учеицеите околу примената на вештачката интелигенција за што ќе биде вовед во воведување конкретни предмети за секое одделение во училиштата. Но, Бреинстер ќе помогне и во интергирање и на претприемништвото како област и тема во наставните програми за средните училишта. Им благодарам за подадената рака. Потребна ни е поддршка – рече Јаневска на конференцијата.

Министерката потсети дека МОН и Факултетот за информатика во Штип веќе подготвуваат документ со насоки за наставниците и за учениците околу примената на вештачката интелигенција од септември, што, како што рече, ќе биде увертира на воведувањето на конкретни теми во наставните програми во секое одделение.

– Развојот на националниот образовен систем и грижата за создавање на квалитетни и добро едуцирани млади генерации е обврска на цело општество. И затоа, драго ми е што општествената одговорност постојано се зголемува, а институциите добиваат нови партнери – додаде министерката.

Основачот на Бреинстер групацијата, Петар Ниновски потенцираше дека за нив ова е значаен ден бидејќи се формализира соработката со МОН и се прави голем чекор напред кон системски пристап во воведување на вештини поврзани со познавањето на вештачката интелигенција во средното образование.

– Веруваме дека заеднички можеме да изградиме образовен систем што не само што ги следи светските трендови, туку и активно учествува во нивното дефинирање. Среќни сме што државата го препозна потенцијалот кој го поседуваме и особено сме благодарни на министерката Јаневска за покажаното лидерство и визија. Младите заслужуваат квалитетна подготовка за да може да создаваат подобра иднина за Македонија. Чест ни е што сме дел од овој процес на трансформација на општеството – потенцираше Ниновски.

Поврзани содржини