ВЕСЕЛО Е ВО АВТОМОБИЛОТ НА АЛИ АХМЕТИ Лидерот на ДУИ пее, заменикот на Оливер Спасовски го снима (ВИДЕО)

„Претседателот Али Ахмети ја запечати идеолошката ориентација на С. Македонија кон интегрирањето во Европската Унија. Заедно ЗА европска Македонија, напиша заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши.

3,219

Изгласувањето на францускиот предлог во Собранието очигледно многу го развесели лидерот на ДУИ, Али Ахмети, па тој, пеејќи си замина од Парламентот.

Како што објави весникот на албански јазик „Лајм“, Ахмети со заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши се вози во автомобил и пее албански песни, а во позадина се слуша албанскиот национален музички инструмент чифтели.






„Претседателот Али Ахмети ја запечати идеолошката ориентација на С. Македонија кон интегрирањето во Европската Унија. Заедно ЗА европска Македонија, напиша Буши.

Поврзани содржини