ВЕСЕЛИ СВАТОВИ ЌЕ ЈА ЗАПАЛЕА ДАЛМАЦИЈА Пожарникарите гаснеа зад свадбената поворка
Пожарите кај Солин биле предизвикани од пиротехнички средства што ги користеле учесници во свадбената поворка.
Во текот на попладневните часови покрај патот што води од Солин кон Каштела на хрватското крајбрежје, избувнаа серија мали пожари, објави Далатински портал.
Пожарникарите веруваат дека пожарите ги предизвикале пиротехнички средства што ги користеле учесниците во свадбената поворка.
По добиениот пријава, пожарникарите од три локални пожарникарски друштва излегле на терен и пожарите биле изгаснати многу брзо, пред да се прошират и да предизвикаат поголема штета.