ВЕРУВАМ ДЕКА Е НЕВИН РАШКОВСКИ Заев одговара на новинарско прашање по обвинението на Русковска

Судот ќе покаже дали има таму кривично дело или нема. Јас сум ги кажал моите ставови затоа што сум работел со овој човек, го знам проектот, владата донела одлука за овој проект и треба заради безбедноста во сообраќајот - рече Заев зборувајќи за овој случај во емисијата „200“ на Алсат ТВ.

885

Да, верувам дека е невин, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали уште верува дека можеби Драги Рашковски е невин откако Обвинителството за гонење организиран криминал поднесе обвинение деновиве.

– Но, реков кој сум јас. Тоа судот треба да го каже и секако со правосилна судска пресуда. Но, што е важно? Важното е дека законот важи еднакво за сите, сите сме рамноправни пред законот. Ако некаде постои сомневање, денеска се гонат сите. На крајот во судска постапка се утврдува кој е виновен, кој не. Презумцијата на невиност треба да се почитува за секој. И како опозиционер и во делот на случаи кои ги има против моите политички противници односно високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ, јас секогаш принципиелно стојам на овие прашања. Судот ќе покаже дали има таму кривично дело или нема. Јас сум ги кажал моите ставови затоа што сум работел со овој човек, го знам проектот, владата донела одлука за овој проект и треба заради безбедноста во сообраќајот – рече Заев зборувајќи за овој случај во емисијата „200“ на Алсат ТВ.

Поврзани содржини