ВЕРИЖНА СООБРАЌАЈКА ПРЕД ВЛАДАТА Во сударот учествувал и министерот Фатмир Бесими? (ФОТО)

Како што пренесе телевизија Телма, на местото на настанот веднаш пристигнала екипа на брзата помош, но немало ниту еден повреден.

2,318

Верижна сообраќајна несреќа помеѓу три возила вечерва се случи на крстосницата пред зградата на Владата, а еден од учесниците во сударот наводно бил и министерот за финансии Фатмир Бесими, објави Телма.

Како што пренесе телевизијата, на местото на настанот веднаш пристигнала екипа на брзата помош, но немало ниту еден повреден, а министерот веќе влегол во Владата каде што се во тек преговорите помеѓу претставниците на ССМ, владините претставници и економско-социјалниот совет, и каде што се расправа за висината на минималната плата.






Увидот е во тек, а од Министерството за внатрешни работи (МВР) се очекуваат повеќе информации во текот на вечерва.

Поврзани содржини