ВЕРИЖНА СООБРАЌАЈКА МЕЃУ ДЕЛЧЕВО И КАМЕНИЦА Сообраќајот е во прекин
Во судирот учествувале три возила и еден камион, велат очевидци на настанот.
Поради верижна сообраќајка во прекин e сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица. Сообраќајката се случила во близина на патот кој води за селото Бигла, а според информации на очевидци кои ги потврди и делчевската полиција, во сообраќајката учествувале три возила и еден камион.
Сведоците за Макпрес.мк потврдиле дека сообраќајката настанала кога возило со странски регистерски таблички се обидело да го претекне камионот.
На самото место, покрај полицијата која врши увид, пристигнало и возило на Итната медицинска помош, но засега нема информации дека во сообраќајката има сериозно повредени.
Се очекува МВР да даде повеќе информации во текот на денот.