ВЕНКО ФИЛИПЧЕ СЕ ВРАЌА ВО ПОЛИТИКАТА Без разлика дали сум доктор или пратеник, мојата мисија е да им помагам на луѓето

Поранешниот министер за здравство, Венко Филипче е носител на пратеничката листа на СДСМ во Изборната единица 4.

1,766

Неврохирургот и поранешен министер за здравство, д-р Венко Филипче на својот Фејсбук профил
и официјално објави дека се враќа со негов активен ангажман во политиката претставувајќи го
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата како носител на листата во Изборната единица 4

„Без разлика дали сум доктор или пратеник, мојата мисија е да им помагам на луѓето. Оваа
вредност секогаш ме водела и ќе ме води во животот. Останувам посветен на моите пациенти
како доктор, но како иден пратеник ќе имам можност да приднесам во креирање политики кои ќе
имаат широко влијание во здравството и во другите области кои се важни за граѓаните“- пишува
Филипче.






Тој најави дека ќе ги претставува интересите не само на граѓаните од Изборната единица 4, туку и на целата
држава, и дека покрај во здравството каде што може да го понуди своето огромно искуство и
експертиза, ќе работи на унапредување и на другите сфери од значење за граѓаните.

„На овој пат, јас ги вложувам моето искуство и интегритет и се обврзувам дека ќе бидам достапен
за сите граѓани. Живееме во време на неизвесност и само со емпатија и грижа еден за друг
можеме да ја трансформираме неизвесноста во надеж, а стравот во храброст. Како иден пратеник
ќе ги застапувам интересите, не само на граѓаните од ИЕ 4 што ќе ја предводам, туку и на
граѓаните од целата држава. Уверен сум дека со посветеност и соработка ќе направиме значајни
промени кои ќе го подобрат животот на сите мои сограѓани“ – пишува Филипче во објавата на Фејсбук.

Поврзани содржини