ВЕНКО ФИЛИПЧЕ НЕ ТРЕБА ДА ДАВА ОСТАВКА На ВМРО-ДПМНЕ му одговара тој да го води СДСМ и да губи на избори

Очекуваме рекордни 4.000 гласови во вториот круг од локалните избори во Брвеница, за иднина со повеќе резултати за сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадностпорача партијата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

150

ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во Брвеница со предност околу 800 гласа во однос на кандидатот на ДУИ, а во однос на СДСМ победивм со разлика поголема од 4 спрема 1, соопшти партијата.

Од 6 кандидати, Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 2.945 гласови.






„СДСМ и Венко Филипче доживеја уште еден изборен дебакл во Брвеница, уште еден сериозен изборен неуспех. СДСМ се наоѓа на четвртото место, со повеќекратно помала поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. На СДСМ им го честитаме освоеното четврто место и им посакуваме уште многу вакви резултати со Венко Филипче на чело“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај дебаклот во низа на СДСМ, Венко Филипче не треба да си поднесе оставка, порача партијата.

„Сè додека тој управува со СДСМ и е послушник на Зоран Заев, граѓаните тоа ќе го препознаваат и ќе се одлучат за работа и за резултати и за борба за иднина каква нуди Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со работа, одговорност и со јасна цел, победа на 1 ноември и иднина со повеќе резултати за сите граѓани на Брвеница, без разлика на нивната етничка припадност. Целта на ВМРО-ДПМНЕ е Брвеница да биде општина на сите нејзини жители, со подобри услови за живот, нови можности и конкретни проекти што ќе донесат вистински напредок“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот круг, порача партијата.

 

Поврзани содржини