МИНИСТЕРОТ КЛЕКОВСКИ СЕ СРЕТНА СО ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ Прилагодена грижа за секој пациент

Државата е тука, на долги стази. Натамошната грижа ќе биде прилагодена на потребите на секој од нив, објави министерот за здравство Сашо Клековски по средбата со повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

1

Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа се сретна со повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и разговарале за нивната состојба, потребите и за грижата што им е потребна и понатаму.

„Државата е тука, на долги стази. Ги најавив можностите и следните чекори. Со нас беа и д-р Катарина Мирчовска и д-р Гордана Георгиева од работната група на Министерство за здравство, чија цел е оценка, советување, организација и следење на третманите на секој пациент. Тоа е основа за натамошна грижа прилагодена на потребите на секој од нив. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов“, објави министерот Клековски.

 






Поврзани содржини