„ВЕНЕЦУЕЛА ИМА ПРАВО НА САМООДБРАНА“ Мадуро ги обвини САД за агресија
Венецуелската влада во саботата објави дека американски разурнувач ден претходно пресретнал, а американските војници осум часа упаднале и држале венецуелски брод туноловец во водите на економскиот појас на оваа латиноамериканска земја.
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави дека неодамнешните инциденти меѓу неговата земја и САД претставуваат „агресија“ , а не тензии меѓу двете земји, за кои додаде дека не комуницираат.
Венецуелската влада во саботата објави дека американски разурнувач ден претходно пресретнал, а американските војници осум часа упаднале и држале венецуелски брод туноловец во водите на економскиот појас на оваа латиноамериканска земја.
Исто така, овој месец во американскиот воен напад на Карибите, загинаа 11 лица, а венецуелски брод беше потопен, за кој администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп тврдеше дека транспортирал нелегални дроги.
Администрацијата на Трамп се обидува да го оправда криминалниот напад врз јужноамериканската земја, рече Мадуро на прес-конференцијата, додавајќи дека комуникацијата со САД претходно била нарушена, но сега е целосно „отфрлена“.
– Во тек е агресија од воена природа, а Венецуела согласно меѓународното право смее да одговори и ќе го искористи своето легитимно право на самоодбрана – рече Мадуро.