ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ ГИ ИЗРАДУВАА БОЛНИТЕ ДЕЦА Доделени се 70 пакетчиња во Клиниката за детски болести

Ова е наша втора донација за новогодишните празници, првата беше за дечињата од С.О.С. Детско село, се надеваме во иднина дека ќе ја продолжиме оваа традиција. Ние како здружение и во минатото имаме учествувано во бројни хуманитарни акции и нема да застанеме тука, вели Богоевски.

842

Новогодишните празници се омилен дел од секое дете, па поради тоа денес здружението за друмски и планински велосипедизам „Macedonian Bike Riders“ ја посети Клиниката за детски болести во Скопје, при што за дечињата кои се сместени во оваа установа донираа пакетчиња.

– Како претседател на Здружението Macedonian Bike Riders, сакам да искажам голема благодарност до сите оние што ја покажаа својата хуманитарна страна, што дадоа донација со која се обезбедија 70 новогодишни пакетчиња за дечињата од Клиниката за детски болести. Благодарност до персоналот на Клиниката, сестра Елизабета Петровиќ, главната сестра Јулијана Топличански и директорката проф. Д-р Аспазија Софијанова – рече претседателот на здружението Горан Богоевски.






Тој исто така упати благодарност и до членовите на ова здружение, како и сите оние кои возат заедно со нив и ги истражуваат убавините на нашата земја, со одвоија средства за да се реализира оваа акција, за која вели дека нема да биде последна.

– Ова е наша втора донација за новогодишните празници, првата беше за дечињата од С.О.С. Детско село, се надеваме во иднина дека ќе ја продолжиме оваа традиција. Ние како здружение и во минатото имаме учествувано во бројни хуманитарни акции и нема да застанеме тука – вели Богоевски.

Голема благодарност беше изразена и од страна на директорката проф. Д-р Аспазија Софијанова, главната сестра Јулијана Топличански и сестра Елизабета Петровиќ, кои пријатно беа изненадени од ваквиот потег на ова здружение, па во разговор со претседателот Богоевски беше договорено и во иднина нивната соработка да продолжи, при што ќе се обидат да се реализираат некои од потребите за функционирањето на оваа установа.

Поврзани содржини