ВЕЛОСИПЕДИСТ ЗАГИНА ОТКАКО ГО УДРИ КАМИОН Камионџијата е приведен

Велосипедистот А. Т. загинал на местото на несреќата од здобиените повреди, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

433

Камион во средата во Скопје удрил во велосипед, а велосипедистот загинал на местото на несреќата.

Во средата во 11.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар Никола Карев во Скопје, товарно возило „мерцедес атего“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н. (41) од Скопје, удрило во велосипед управуван од А. Т. (68) од Скопје.






Велосипедистот А. Т. загинал на местото на несреќата од здобиените повреди, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Возачот на товарното возило бил лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител изршиле увид, а телото на починатиот било дадено на обдукција.

Поврзани содржини