Велика Британија со план за нови мерки за Брегзит

Земјата ќе се обиде да ги намали редиците на границите.

281

Британските компании кои извезуваат стоки во ЕУ ќе треба да чекаат за дозвола од локалниот даночен орган пред да можат да ги преместуваат своите стоки. Ова предвидува нов план на владата на Островот, кој има за цел да го намали хаосот на границите, пренесува „Блумберг“.

Камионите ќе можат да патуваат до Довер само доколку имаат важечки влезен број од новата „Услуга за транспорт на стоки“.






Системот сè уште е во развој и не е тестиран. Сè уште не е јасно како ќе се обезбеди усогласеност со новите мерки.

Целосните царински контроли на стоките од ЕУ кои влегуваат во Велика Британија ќе започнат кон средината на 2021 година. Во исто време, ЕУ ќе наметне целосни контроли на британските стоки што влегуваат од Велика Британија на 1 јануари 2021 година.

Поврзани содржини