„ВЕЛИКА БРИТАНИЈА СЕ ПРИБЛИЖУВА КОН ГРАЃАНСКА ВОЈНА“ Илон Маск се спука со британскиот премиер
Илон Маск ги искажа своите ставови најмалку двапати откако избувна хаос по убиството на девојчињата во Саутпорт, северозападна Англија, на 29 јули.
Милијардерот Илон Маск и британскиот премиер Кир Стармер влегоа во жестока размена откако милијардерот напиша на социјалната мрежа Икс дека Велика Британија оди кон „граѓанска војна“, исказ кој Стармер строго го осуди, пишува Би-Би-Си.
Коментарот на главниот извршен директор на Тесла е поврзан насилството и немирите што го зафатија Обединетото Кралство (ОК).
Маск ги искажа своите ставови најмалку двапати откако избувна хаос по убиството на девојчињата во Саутпорт, северозападна Англија, на 29 јули.
На својата платформа Икс, Маск одговори на видеото на кое се гледаат бунтовниците во ОК додека палат огномет кон полицијата.
– Граѓанската војна е неизбежна – напиша тој.
Civil war is inevitable
— Elon Musk (@elonmusk) August 4, 2024
Портпаролот на премиерот веднаш ги осуди изјавите на Маск.
– Нема оправдување за ваквите коментари. Секој кој поттикнува насилство на интернет ќе се соочи со целосната сила на законот. Зборуваме за малцинство насилници кои не зборуваат за Британија – рече портпаролот.
Сепак, Маск не застана тука кога ја коментираше објавата на премиерот Кир на социјалните мрежи, во која се критикува насилството врз муслиманите.
Британскиот премиер на Икс напиша дека „немирите не се протести, туку чисто насилство“ и дека „нема да се толерираат напади врз џамии или врз муслимански заедници“.
„Зарем не треба да бидете загрижени за нападите врз сите заедници?“, праша Маск.
Shouldn’t you be concerned about attacks on *all* communities?
— Elon Musk (@elonmusk) August 5, 2024
За потсетување, најмалку 400 луѓе се приведени од немирите кои избија во вторникот во Велика Британија.
Во лажните информации на интернет се наведува дека приведеното лице е муслимански имигрант кој минатата година со мал чамец влегол во Велика Британија, што ги предизвика нередите.
Нигерија, Малезија и Индонезија се меѓу земјите кои издадоа безбедносни совети за своите државјани во ОК како одговор на тековните немири.
🎥 ИТЕН СОСТАНОК НА ВЛАДИНИОТ ТИМ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Протестите во Англија излегуваат од контрола