ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЈА СТАВИ МАКЕДОНИЈА НА ЗЕЛЕНАТА ЛИСТА Вакцинираните со две дози може да патуваат

Граѓаните на Македонија кои патуваат во Велика Британија треба да бидат вакцинирани со АстраЗенека, Фајзер Бионтек, Модерна или Џонсон и Џонсон.

557

Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска воведе нови протоколи за ковид-19 со кои Македонија преминува во зелената листа на држави и територии на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација, информира МНР.

– Граѓаните на Македонија кои патуваат во Велика Британија, и кои примиле вакцина во земјава, ќе се сметаат за целосно вакцинирани лица под следните услови: да поседуваат со себе сертификат за вакцина за да го докажат статусот на вакцинација; да имаат примено комплетна вакцина (2 дози) најмалку 14 дена пред да пристигнат во Велика Британија; да бидат вакцинирани со некоја од следниве вакцини: АстраЗенека, Фајзер/Бионтек, Модерна или Џонсон и Џонсон.; сертификатот за вакцинација како доказ да биде издаден од национален или државен орган за јавно здравје и да е на англиски, француски или шпански јазик – велат од МНР.






Останува непроменето дека, државјаните на Македонија за влез во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (ОК) им е потребна важечка британска виза или дозвола за престој.

Поврзани содржини