„ВЕЛИГДЕНСКО ЈАЈЦЕ“ ВО ПРЕГОВОРИТЕ НА САД И УКРАИНА ЗА МИНЕРАЛИТЕ Американците побарале контрола над гасоводот на „Гаспром“ во Украина

Нацрт-договорот предвидува САД да добијат привилегиран пристап до украинските ресурси и со сите приходи од експлоатацијата да се вложуваат во заеднички инвестициски фонд. Добивката од фондот ќе се реинвестира во украински проекти, но без гаранции за безбедност на Киев.

229

САД од Украина побарале контрола врз транзитниот гасовод на „Гаспром“ што минува низ украинска територија и ја снабдува Европа, јави Њујорк тајмс, повикувајќи сè на извор запознат со преговорите за минерални ресурси.

Барањето било вклучено во последната верзија од договорот за експлоатација на украинските ресурси како „велигденско јајце“. САД сакаат гасоводот да премине под контрола на американската Агенција за меѓународно финансирање за развој (U.S. International Development Finance Corporation).






Поради барањата на Вашингтон преговорите од 11 април се воделе во „антагонистичка“ атмосфера. Нацрт-договорот предвидува САД да добијат привилегиран пристап до украинските ресурси и со сите приходи од експлоатацијата да се вложуваат во заеднички инвестициски фонд. Добивката од фондот ќе се реинвестира во украински проекти, но без гаранции за безбедност на Киев.

Украина ја ангажирала адвокатска фирма Hogan Lovells како советник за договорот.

Изданието пишува дека новата верзија на договорот ѝ дава на Америка право на целата добивка од фондот додека Украина не ја врати целокупната американска помош плус 4 отсто годишна камата. САД бараат и „право на првична понуда“ за нови проекти, како и право на вето за продажба на ресурси на трети земји. Во првата година, Киев нема да може да нуди подобри услови на други инвеститори. ДФЦ ќе го контролира фондот, назначувајќи тројца директори, додека Украина ќе има само двајца.

Претседателот Трамп најави дека договорот ќе се финализира наскоро и му се закани на Зеленски со „многу големи проблеми“ ако Украина го одбие.

Поврзани содржини