ВЕЛЕШАНИ ВО ТАГА Фудбалерот Гоце Коцевски загина во сообраќајна несреќа
„Нека ти е светол патот до вечноста. Вечна ти слава, играчиште! Сочувство до фамилијата“, напишаа од Борец.
Фудбалерот Гоце Коцевски вчера загинал во сообраќајна несреќа, објавија од неговиот клуб Борец 1919.
Неговите почетоци биле во младинскиот погон на Борец 1919, а потоа и член на Превалец од Велес.
Клубовите со шок и неверување ја примија веста за згаснувањето на животот на овој млад фудбалер и изразија сочувство до фамилијата.
„Нека ти е светол патот до вечноста. Вечна ти слава, играчиште! Сочувство до фамилијата“, напишаа од Борец.