ВЕЛЕШАНЕЦ СО АВТОМОБИЛ УДРИЛ ВО 71-ГОДИШЕН ЧОВЕК Пешакот завршил во болница со тешки повреди
На крстосницата од улицата Алексо Демниевски, улицата Вардарска и улицата Наум Наумовски во Велес, патничко возило „фиат пунто“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот Н.Б. од Велес, удрило во 71-годишниот пешак С.П. од Велес.
Во средата, 28-годишен велешанец удрил 71-годишен пешак во Велес, а пешакот завршил во болница со тешки телесни повреди.
„На 08 јануари 2025 година, во 20.00 часот, во СВР Велес било пријавено дека на крстосницата од ул. Алексо Демниевски, ул. Вардарска и ул. Наум Наумовски во Велес, патничко возило ‘фиат пунто’, со велешки регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот Н.Б. од Велес, удрило во 71-годишниот пешак С.П. од Велес“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.