Велјаноски: Заев врши директен упад во историјата на македонскиот народ и директно го загрозува неговиот идентитет

ВМРО-ДПМНЕ од Тетово испрати порака до сите кои што помислуваат да се пазарат со достоинство, дека македонскиот народ е пријателски народ, македонскиот народ е горд народ, но исто така дека македонскиот народ е храбар народ и нема да дозволи да биде понижуван.

1,687

Денеска сме тука во Тетово, во Република Македонија да испратиме порака до сите кои што помислуваат да се пазарат со нашето достоинство, дека македонскиот народ е пријателски народ, македонскиот народ е горд народ, но исто така дека македонскиот народ е храбар народ и нема да дозволи да биде понижуван, рече на протестот на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово Александар Велјаноски

Тој појасни дека протест е реакција на интервјуто на премиерот Зоран Заев и на неговиот обид да му ги одземе достоинството, честа и гордоста на македонскиот народ. Четврта година Зоран Заев и СДСМ се на власт,






– За четири години не реализираа ништо друго освен распродажба на националните интереси. Зоран Заев ветуваше подобар живот, побогат народ, а денеска народот не е ниту богат ниту среќен.
Денеска Република Македонија е едниствената држава во модерна Европа чија влада насилно го промени уставното име на сопствената држава. И наместо да подзастане и да го слушне крикот на својот народ, Зоран Заев повторно од позиција на премиер врши директен упад во историјата на македонскиот народ и директно и свесно го загрозува националниот идентитет и посебноста на македонскиот јазик далекусежни последици врз македонскиот народ и држава – рече Велјаноски.

Тој рече дека од Тетово се испраќа порака до сите кои што помислуваат да се пазарат со достоинство, дека македонскиот народ е пријателски народ, македонскиот народ е горд народ, но исто така дека македонскиот народ е храбар народ и нема да дозволи да биде понижуван.

– Ние нема да дозволиме да се гази врз жртвите и делата на нашите предци, на револуционерите, на илинденците но иврз делото на партизаните и хероите од антифашистичката борба и народно ослободителната борба на Македонија – рече Велјановски.

Според него време е граѓаните да се обединат и сега без разлика на националната или партиска припадност.и да се  стави крај на лудоста на Зоран Заев.

– Зоран Заев го изневери македонскиот народ, ги изневери своите подржувачи. Зоран Заев не направи ништо добро за својата држава, и мора да си оди. Ние бараме оставка вендаш. Зоран Заев мора да си замине и да одговара за сиот криминал и предавства кои ги има направено – рече Велјановски.

Поврзани содржини