ВЕДРАНА РУДАН ГИ ОТКРИ ДЕТАЛИТЕ НА СВОЈАТА ДИЈАГНОЗА Писателката има редок облик на рак, само 5 отсто среќници може да се оперираат

Писателката се огласи на својата официјална страница на Фејсбук каде реши да сподели со својата публика детали за својата здравствена состојба откако ѝ беше дијагностициран рак.

2,714

На почетокот на мај, хрватската писателка Ведрана Рудан преку својот блог им откри на своите читатели дека ѝ е дијагностициран рак. Таа објави дека престанува да го пишува својот блог за да се посвети на лекувањето и откри дека ќе напише книга за својата болест.

„Имам 75 години, многу мои врсници немаат рак, тие се здрави, во полна форма, а јас, а јас… Дури не ни верувам дека треба да мислите добро и сè ќе биде во ред, не се замарам со тоа“, напиша тогаш на својот блог.






Сега писателката објави на својата официјална страница на Фејсбук каде решила да сподели со публиката како се развивала нејзината приказна откако ја добила дијагнозата. Рудан напиша дека станува збор за многу ретка форма на рак.

„Мојот е рак е редок, се вика рак на жолчните канали, ми се чини. Не го прочитав ниту отпусното писмо, ниту типот, ниту интернетските прогнози. Меѓутоа, налетав некаде дека од првите симптоми до смртта имаш дури три месеци да го изневериш сопругот, да ги отфрлаш децата или да го испратиш љубовникот по ѓаволите. Всушност, државата има договор со таа установа според која одреден број Хрватки и Хрвати влегуваат во „квотата“. Останатите или умираат од рак или пријателите им помагаат.

Секако дека привилегираните граѓани на оваа земја се во „квотата“ и пред да заболат од рак, но тоа го знаеме. Јас дури и го дознав името на ликот што ме прекрсти, иако тој податок не го побарав. На тој начин, чест ми е што не сум дел од групата крадци на кои ниту ракот не им може ништо. Тука никако не мислам на многуте болни луѓе…

Поврзани содржини