ВЕДНАШ ВООРУЖЕТЕ ЈА УКРАИНА Слободата мора да биде подобро вооружена од тиранијата

Зеленски наведе голем број потребни специфични оружја, вклучувајќи артилерија од 155 милиметри, системи за лансирање ракети, оклопни возила и борбени возила за пешадија. Тој побара тенкови Т-72 „од САД или Германија“ и рече дека се потребни повеќе воени авиони.

170

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави ново видео во кое го повикува Западот да испрати оружје.

Зеленски истакна дека е потребно повеќе оружје за „да се спасат милиони Украинци, како и милиони Европејци“.






– Слободата мора да биде вооружена подобро од тиранијата – рече тој.

Зеленски наведе голем број потребни специфични оружја, вклучувајќи артилерија од 155 милиметри, системи за лансирање ракети, оклопни возила и борбени возила за пешадија. Тој побара тенкови Т-72 „од САД или Германија“ и рече дека се потребни повеќе воени авиони.

Украинскиот претседател предупреди дека конфликтот во земјата ќе стане „бескрајно крвопролевање, ширење беда, страдање и уништување“.

– Но, Русија сè уште има капацитет да изврши напад и тоа не само против Украина. Полска, Молдавија, Романија и балтичките земји ќе станат следните цели доколку падне слободата на Украина – рече Зеленски.

Од своја страна, Русија постојано реагира на оружјето кое Украина го добива од Западот. Руската Федерација ќе ги смета американските и возилата на НАТО кои превезуваат оружје на украинска територија како „легални воени цели“, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

– Предупредуваме дека транспортот на оружје меѓу САД и НАТО преку украинска територија ќе се смета за легални воени цели. Им даваме до знаење на Американците и другите западњаци дека обидите да се забави нашата специјална операција, да се нанесе максимална штета на руските контингенти и формациите на Доњецк и Луганск ќе бидат сериозно потиснати – рече Рјабков во интервју за руската државна новинска агенција Тасс.

Поврзани содржини