ВЕЧЕРВА СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН КРАТОВО Ќе се одржи првото издание на „Коритон фест“

Поп-рок бендот „Фикшн“, Виктор Апостоловски, Елена Христова од Баклава и „Тајмс проект“ заедно со Тимко Чичаковски вечерва ќе ги забавуваат кратовчани пред Домот на култура „Лазар Софијанов” со почеток во 20 часот.

152

Пред платото на Дом на култура „Лазар Софијанов” во Кратово, вечерва ќе се одржи првото издание на „Коритон фест”.

Станува збор за нов музички настан кој е дел од „Кратовско културно лето 2022″. Предвидена е една фестивалска вечер, со почеток од 20 часот.






-Ги повикуваме сите љубители на добра музика од регионот да уживаат во настапите на Елена Христова од Баклава и „Тајмс проект” заедно со Тимко Чичаковски. Ќе биде изведена традиционална македонска музика со уметнички нов аранжман. По нив настапува скопскиот поп-рок бенд „Фикшн” и Виктор Апостоловски, сите со едночасовна забава и програмски настап – информира Катерина Пешевска, советник за општи дејности на Општина Кратово.

Кратовчани ќе имаат можност да уживаат во целовечерен настан кој ќе се заокружи со повеќечасовна забава што ќе ја приредат тројца ди-џеи.

Поврзани содржини