Вечерва на полноќ ќе точиме гориво по нови цени

Во согласност со методологијата која се користи за формирање на цените на нафтените деривати, како и намалениот износ на акцизата која беше донесена како кризна мерка, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.33%.

731

Регулаторната комисија за енергетика минатата недела одлучи цените на горивата да ги остави непроменети, но овој понеделник имаме минимално намалување на цените на бензините и дизелот.

Во согласност со методологијата која се користи за формирање на цените на нафтените деривати, како и намалениот износ на акцизата која беше донесена како кризна мерка, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.33%.






Цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се намалуваат за 0.50 денари за литар во однос на досегашните. Соодветно на тоа, литар 95-октански бензин ќе чини 59.50 денари, еден литар 98-октански бензин ќе чини 61.50 денари, додека еден литар дизел од вечерва на полноќ ќе чини 52.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Поврзани содржини