📷 ВЕЧЕРВА МИОВСКИ ЌЕ ОБЛЕЧЕ СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ КОПАЧКИ Ќе му донесат ли среќа против Велс?

Нашиот најдобар напаѓач се очекува да биде главен адут во офанзивната линија на Благоја Милевски, а бидејќи натпреварот против Велс ќе биде прв на домашен терен по големата трагедија во Кочани, на трибините се очекува да има и голем набој на емоции.

211

Еден од најдобрите македонски фудбалери Бојан Миовски со својот гол ја потврди победата која ја оствари Македонија на гостувањето во Вадуц, па сега со уште поголема самодоверба влегува во дуелот со Велс кој се игра вечерва на „Тодор Проески“.

Нашиот најдобар напаѓач се очекува да биде главен адут во офанзивната линија на Благоја Милевски, а бидејќи натпреварот против Велс ќе биде прв на домашен терен по големата трагедија во Кочани, на трибините се очекува да има и голем набој на емоции.






По тој повод, Миовски реши да подготви специјални копачки за денешниот натпревар, па во најавата за мечот, имаше и емотивно обраќање на социјалните мрежи.

– Секој човек има своја приказна и секој човек има свое животно патување. Навраќајќи се во моето детство додека ги држев моите први копачки, се сетив дека кажав нешто што длабоко посакував: „Еден ден со цело срце ќе играм за мојата земја“ и еве ме, по многу години, играм за Македонија, мојата земја, бисерот на Балканот. Овие специјализирани копачки имаат исклучително значење, со свето нешто – моето национално знаме и иницијалите на моето семејство. На денешниот натпревар за македонската репрезентација, ќе ги носам во чест и сеќавање за сите што ги загубивме на 16.03.2025 година, за сите кои се уште се борат за своите животи и за сите семејства. Нека почиваат во вечен мир упокоените души, сите мои молитви за повредените – порача Миовски.

Поврзани содржини