ВЕ ЗАМОЛУВАМ, НЕ ДВОУМЕТЕ СЕ Али Ахмети ги пречека попишувачите и испрати порака до народот (ФОТО)

Ве замолувам, не двоумете се и попишувајте се сите, резиденти и нерезиденти, во земјата и во дијаспората, заедно со секој член на вашето семејство, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

570

Лидерот ан ДУИ, Али Ахмети, заедно со своето семејство денеска ги пречека попишувачите кои ја реализираат статистичката операција.

Тој уште еднаш им порача на граѓаните, резиденти и нерезиденти, да учествуваат во пописот кој завршува на 30 септември.






„Денеска бев домаќин на попишувачите во мојот дом и заедно со моето семејство станав дел од пописот на населението во нашата земја. Ве замолувам, не двоумете се и попишувајте се сите, резиденти и нерезиденти, во земјата и во дијаспората, заедно со секој член на вашето семејство. Попишувањето се одвива до 30 септември, додека од денеска сите оние кои не се попишани од различни причини во својот дом, истото можат да го направат во општината во којашто живеат“, напиша Ахмети на Фејсбук.

Поврзани содржини