Веќе од среда започнува исплаќањето на августовската пензија

Сите пензионери коишто поседуваат дебитни картички, веќе во среда, 26 август 2020 година, преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата пензија.

688

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека банките и овој месец предвремено ќе ја извршат исплатата на августовските пензии.

– Сите пензионери коишто поседуваат дебитни картички, веќе во среда, 26 август 2020 година, преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата пензија – велат од МБА.






Готовинската исплата на пензиите, за оние пензионери коишто не поседуваат дебитни картички, ќе се спроведе во групи, според следниот распоред:

– во среда, 26 август – пензии во висина до 11.000 денари;

– во четврток, 27 август – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

– во понеделник, 31 август – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

– во вторник, 1 септември – пензии во висина над 18.000 денари.

Овој распоред важи и за корисниците на пензии од „Еуростандард банка“ АД Скопје кои до 21.8.2020 година отвориле трансакциска сметка во банката преку која што би сакале во иднина да им се врши исплата на пензијата.

– За корисниците на пензии кои од „Еуростандард Банка” АД Скопје ќе се префрлат во друга банка по 21 август банките ќе обезбедат дополнителни исплати на 07.09.2020, 14.09.2020 и 25.09.2020 година – велат од Македонската банкарска асоцијација.

Оттаму потсетуваат дека корисниците на банкарски услуги при посета на филијалите и експозитурите треба да носат лична заштитна опрема и да одржуваат соодветна дистанца.

Поврзани содржини