ВЧЕРА СЕ ИЗГАСНАТИ 19 ПОЖАРИ НА ОТВОРЕНО Еве каде сè гореше

Денеска во земјава нема активни пожари, информира Центарот за управување со кризи.

40

Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека вчера имало 19 пожари на отворен простор и сите се изгаснати. Активни пожари денеска нема.

Изгаснати се пожарите во:
– Општина Чучер Сандево, Горно Блаце (горела нискостеблеста шума и ниска вегетација);
– Општина Сопиште, с. Јаболци (сува трева);
– Општина Василево, патот од с.Василево кон с.Пиперево (сува трева);
– Општина Штип, с.Сушево (сува трева и стрниште);
-Општина Радовиш, с.Подареш кон с.Ораовица (сува трева);
– Општина Штип, во близина на Мирјанина Црква (депонија-ѓубре);
– Општина Врапчиште, с.Неготино (сува трева);
-Општина Штип, с,Теранци (сува трева);
-Општина Чешиново-Облешево, с.Уларци (сува трева, ѓубриште и лозје);
– Општина Врапчиште, с.Пожаране (ниска шума и сува трева);
– Општина Бервеница, с.Бервеница (сува трева);
– Општина Гостивар, кај патарината Гостивар – Тетово (сува трева);
-Општина Врапчиште, с.Неготино (сува трева);
-Општина Охрид, ул. „Бистрица“ (стрниште);
-Општина Велес, населба Превалец (сува трева);
– Општина Боговиње, с.Радиовце (сува трева);
– Општина Крушево, с.Алданци (сува трева) и во
– Општина Лозово, два (2) пожара – с.Сарамзалино (стрниште) и с.Ќоселери (каде што горела сува трева).

Поврзани содржини