„ВАЖНО Е! ОД ТЕБЕ ЗАВИСАТ ПРОМЕНИТЕ“ Кампања на ВМРО-ДПМНЕ во која се вклучени и граѓаните

Важно е граѓаните да имаат доверба во полицијата, да нема наместени тендери, храната да биде безбедна и здрава, а воздухот да биде чист и да се намали загадувањето - ова се дел од пораките во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.

247

Македонските граѓани масовно сакаат промени и се приклучуваат на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените”  каде објавуваат кратки пораки на социјалната мрежа Фејсбук што за нив е важно во секоја сфера од животот – информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Членот на ИК пратеник Драган Ковачки истакна дека важно е да се има доверба во полицијата.






– Важно е граѓаните да имаат доверба во полицијата – рече Ковачки.

Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека е важно храната да е здрава и безбедна.

– Важно е да има здрава и безбедна храна – нагласи Трипуновски

За Александар Велјановски пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ важно е воздухот да биде чист и да се намали загадувањето.

– Важно е да се намали загадувањето и  да имаме чист воздух – изјави Велјановски.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски вели дека важно е тендерите да не се наместени.

– Важно да нема наместени тендери – изјави Петрушевски.

Пратеникот Тони Јаревски истакна дека важно е да се намалат административните процедури.

– Важно е да се намалат административните процедури за фирмите – рече Јаревски.

За пратеникот Јован Јаулески  важно е да има економски политики кои ќе ги поттикнат младите да инвестираат во земјава.

– Важно е да има економски политики за поттикнување на младите да инвестираат во Македонија – изјави Јаулески.

Покрај партиските функционери на партијата и активисти, се поголем број на граѓани се приклучуваат на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените” и го креваат својот глас за промени кои носат иднина.

Секој еден е важен. Важно е да се обединиме“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани содржини