📽️ 📷 „ВАЖНО Е ДА СЕ ПОКАЖЕ ПОДДРШКА НА ПРИЈАТЕЛИТЕ“ Вучиќ во ненадејна посета на Абу Даби, шеикот Бин Зајед лично го пречека
Вучиќ во ненадејна посета на ОАЕ разговараше со бин Зајед за билатералната соработка и стабилноста во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оствари ненадејна посета на Обединетите Арапски Емирати, каде што се сретна со претседателот на државата, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.
Посетата, како што соопшти Вучиќ на својот профил на социјалните мрежи, била насочена кон зајакнување на билатералните односи, но и кон заеднички напори за зачувување на мирот и стабилноста во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток.
Според него, по кралот на Јордан и претседателот на Египет, тој е третиот светски лидер и првиот европски лидер кој ги посетува Емиратите од почетокот на конфликтот во регионот.
За време на средбата, Вучиќ ја осуди нападите врз цели во ОАЕ и изрази целосна солидарност со, како што рече, пријателскиот народ на Емиратите.
View this post on Instagram
– Важно е јасно да се покаже поддршка за пријателите, но и одговорност во барањето пат кон мир и стабилност – изјави Вучиќ.
На состанокот, двајцата лидери разговарале и за унапредување на економската и политичката соработка, при што Вучиќ нагласил дека Србија сака да продолжи со развојот на партнерството со ОАЕ – од инвестиции и енергија до нови технологии и развојни проекти, како и одржување на дијалогот на највисоко ниво.
View this post on Instagram