Ваучери за туризам од 15.000 денари за здравствените работници, предлага ДОМ

291

ДОМ предлага до Владата, да додели ваучери за туризам  на здравствените работници кои ќе бидат искористени во текот на 2021 година.

– Веќе втора година здравствените работници се изложени на максимален притисок во борбата со ковид- 19 вирусот, ризикувајќи ги своите животи и спасувајќи многу други со својата пожртвуваност и професионалност. Со подобрување на состојбата со пандемијата во нашата земја за прв пат  се во можност  да ги искористат своите годишни одмори и со своите семејства  да одморат во нашите туристички места – велат од ДОМ.






Од таму велат декја ваучерите со висина од 15.000 денари би претставувале награда за нивната работа во ковид центрите и справувањето со пандемијата. Покрај можноста на здравствените работници за продолжен одмор оваа мерка ќе овозможи дополнителен број на ноќевања во туристичките дестинации, позитивно влијание во туристичкиот сектор и  мултипликативен ефект во македонската економија.

 

Поврзани содржини