ВАТИКАН ЌЕ ГРАДИ АГРОСОЛАРНА ЕЛЕКТРАНА Проектот ќе чини 100 милиони евра
Проектот беше еден од приоритетите на покојниот папа Франциск, кој силно се залагаше за борба против климатските промени, а беше поддржан од папата Лав XIV.
Ватикан планира да изгради постројка за производство на енергија од обновливи извори во вредност од околу 100 милиони евра, која би можела да ја снабдува Светата столица со електрична енергија во рок од две години.
Станува збор за систем што ги комбинира сончевата енергија и земјоделството, а се очекува дека агросоларната електрана ќе има капацитет од 80 до 90 мегавати.
Во ваквите постројки, соларните панели се поставуваат неколку метри над земјата за да можат да растат културите под нив. Сенката на панелите помага да се намали испарувањето на водата и ги штити растенијата од екстремни временски услови.
Заедничка италијанско-ватиканска комисија се состана претходно овој месец за да го започне проектот во имотот Санта Марија ди Галерија, во сопственост на Ватикан, на северозападниот периферија на Рим кој е со површина од 450 хектари. Сончевите панели на мобилните структури би зафаќале околу 200 хектари, или речиси половина од имотот Санта Марија ди Галерија.
Оваа година, Италија го ратификуваше билатералниот договор за развој на областа од 2025 година.
Службениците не објавија детали за трошоците, капацитетот и временските рокови на проектот по состанокот. Извори запознаени со разговорите велат дека изградбата, вклучително и добивањето дозволи и административните процедури, би можела да трае помеѓу 18 и 24 месеци.
Електраната треба да му помогне на Ватикан да стане целосно енергетски самоодржлив.
Произведената енергија би можела да се користи и за други објекти поврзани со Светата Столица, вклучувајќи ја и болницата Бамбино Гезу во Рим.
Ватикан нема да има право на финансиските стимулации што им се достапни на италијанските домаќинства и компании за инсталација на соларни системи. Вишокот произведена електрична енергија би бил достапен за Италија.
Проектот беше еден од приоритетите на покојниот папа Франциск, кој силно се залагаше за борба против климатските промени, а беше поддржан од папата Лав XIV.