Васил Гарванлиев победи со „Ѓердан“ на реномиран светски фестивал

942

„Global Culture Initiative“ денеска ја објави листата со победници на фестивалот „World Folk Vision 2020“. Во категоријата за најдобра песна победник е македонскиот годинешен преставник на Евровизија – Васил Гарванлиев со песната „Ѓердан“.

На овој глобален фестивал учествуваа над 4000 реномирани уметници од пет континенти, а гласањето траеше еден месец и воедно беа вклучени 44 члено професионално жири од повеќе земји од светот. Организаторите известија дека над 26 милиони гласачи од 150 земји одлучиле за победниците во три категории: инструменти, глас и танц кои оваа година поради новонастанатата ситуација со Ковид19 се одвиваше на нивната платформа онлајн.






– Сѐ уште не ми е верно, чест ми е што ја претставувам Македонија на ваков светски реномиран фестивал, и особено сум среќен што одлучивме токму со „Ѓердан“ да учествувам – песната која ја посветив на нашата тактовина и која ме врати назад во моето родно место. Оваа награда ја посветувам на сите тие што веруваа во мене, на мојата земја и на сите уметници кои творат и не се откажуваат од својот сон дури и во вакво време – изјавил Гарванлиев.

Песната „Ѓердан“ беше објавена во септември 2018, музиката е на Саша Драгиќ, текстот на Весна Малинова со аранжман на Диран Тавитијан.

Ова е историски момент за македонската музичка сцена и прва голема победа на Васил на интернационално ниво. Васил ќе настапи на гранд финалето кое ќе се одржи од 1-7 ноември оваа година во Катар.

ФОТО: Фејсбук

Поврзани содржини