Васил Гарванлиев настапи на ЛГБТ парадата во Софија ВИДЕО

1,528

Македонскиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев викендов настапил на традиционалната ЛГБТ парада, „Sofia Pride 2021“.

Притоа, Гарванлиев дал и кратко интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС.






На прашањето дали би сакал да соработува со некој бугарски уметник, Гарванлиев рекол дека не само што мисли, туку и сонува за дует со бугарски уметник.

Во тој контекст, Гарванлиев рекол дека веќе преговара со неколку изведувачи.

– Можеме да започнеме со Викторија – изјавил Гарванлиев, мислејќи на бугарската претставничка на Евровизија.

„Ја почитувам бугарската музика, имате прекрасна традиција, прекрасни гласови. Исто така, постојат фантастични гласови во класичната музика“, додал тој.

Гарванлиев рекол дека првпат е во Софија, Бугарија.

 

Поврзани содржини