Васил Гарванлиев има коронавирус, роденденот го прослави во самоизолација ФОТО

784

Македонскиот пејач Васил Гарванлиев наврши 36 години, но, за жал, својот роденден го прослави во самоизолација, и тоа со торта во вид на коронавирус.

Наместо да го прослави роденденот со своите најблиски во Струмица, Гарванлиев бил принуден сам да слави, во домашна изолација






Нашиот несуден претставник на изборот за песна за Евровизија вели дека има лесни симптоми на болеста, а дека е позитивен на ковид-19 дознал пред неколку дена.

Роденденската торта е подарок од неговата мајка, која му ја оставила пред врата.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини