САНКЦИИ ОД ВАШИНГТОН ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАДУРО „Ја одржувале неговата нарко-држава“

Вашингтон тврди дека со санкциите се таргетираат структури кои учествувале во корупциски заговор во државната нафтена компанија на Венецуела. Меѓу санкционираните е и роднината на првата дама, Карлос Ерик Малпика Флорес, поранешен функционер на PDVSA, кого САД го поврзуваат со перење пари и проневери.

5

Санкциите што ги воведе САД ги потресоа редовите околу лидерот на Венецуела Николас Мадуро. Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави соопшти дека седум лица поврзани со Николас Мадуро и неговата сопруга биле ставени на „црниот список“, јавува Ројтерс.

Американскиот секретар за финансии, Скoт Бесент, го нарече семејството „одржувачи на нарко-државата на Мадуро“.






– Не дозволуваме Венецуела да ја преплавува нашата земја со смртоносна дрога. Мадуро и неговите криминални соучесници го загрозуваат мирот и стабилноста на Америка. Трамп ќе продолжи да ја удира мрежата што го одржува неговиот нелегитимен режим – рече Бесент.

Од Министерството за информирање на Венецуела не стигна одговор, но Каракас постојано тврди дека санкциите се дел од американски план за смена на режимот и преземање контрола над огромните нафтени резерви.

Вашингтон тврди дека со санкциите се таргетираат структури кои учествувале во корупциски заговор во државната нафтена компанија на Венецуела. Меѓу санкционираните е и роднината на првата дама, Карлос Ерик Малпика Флорес, поранешен функционер на PDVSA, кого САД го поврзуваат со перење пари и проневери.

Според американските извори, неговата мајка, сестра, сопруга и ќерка, како и уште неколку блиски членови на семејството, се додадени на списокот.

Венецуелскиот претседател одговори со воена демонстрација – „Испраќаме флота за да ја брани татковината од агресијата на Трамп“, објави Мадуро на државната телевизија.

Одлуката доаѓа во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп го засилува воениот притисок во Карибите. Американската морнарица заплени венецуелски танкер и прогласи блокада на сите санкционирани бродови што пловат кон и од Венецуела.

 

Поврзани содржини