ВАШИНГТОН СЕ СООЧУВА СО СЕРИОЗНА ЗАКАНА Американски конгресмен тврди дека е загрозена националната безбедност

Членовите на Конгресот денеска добиле порака од претседателот на Комитетот за разузнавачки прашања, Мајк Тарнер, во која ги известува дека неговиот комитет има итни и доверливи информации за „дестабилизирачки странски воени капацитети“.

789

Претседателот на Комитетот за разузнавачки прашања на Конгресот на САД, Мајк Тарнер денеска соопшти дека има информации за сериозна закана за националната безбедност на САД.

Тарнер денеска испратил порака до членовите на Конгресот, во која ги известува дека неговиот комитет има итни и доверливи информации за „дестабилизирачки странски воени капацитети“.






Републиканскиот конгресмен не даде повеќе детали за наводната закана.

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан им изјави на новинарите во Белата куќа дека в четврток ќе се сретне со Тарнер и со уште неколку конгресмени задолжени за разузнавање, но ни тој не даде никакви детали за наводите на Тарнер.

Поврзани содржини
na