ВАШИНГТОН ЌЕ ГО ПРЕИСПИТА УЧЕСТВОТО НА САД ВО НАТО Ако Европа ни го ускратува правото на стационирање, тоа не е добар договор

Тешко е да се остане ангажиран и да се каже дека ова е добро за Соединетите Држави. Затоа, сè ќе мора да се преиспита, вели државниот секретар на САД, Марко Рубио.

230

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, ги критикуваше Шпанија и другите сојузници на НАТО за нивната ограничена поддршка во војната со Иран, додавајќи Вашингтон повторно ќе го преиспита сојузот по конфликтот.

Рубио рече дека утврдиле дека Шпанија, членка на НАТО која САД се должни да ја бранат, им го ускратила на САД користењето на својот воздушен простор и се фалела со тоа.






Тој, исто така, рече дека Вашингтон се соочил со отпор кон користењето на воените бази во Шпанија и на други места.

– НАТО е корисен за САД бидејќи им дозволува да стационираат војници и опрема во странство. Но, ако НАТО е загрижен само за одбрана на Европа доколку биде нападната, а потоа ни го негира правото на стационирање кога ни е потребно, тоа не е многу добар договор. Тешко е да се остане ангажиран и да се каже дека ова е добро за Соединетите Држави. Затоа, сè ќе мора да се преиспита – рече.

НАТО не може да биде еднонасочна улица, додаде тој.

– Се надевам дека ќе можеме да го поправиме тоа. Ќе имаме време да се справиме со тоа подоцна – рече Рубио.

Шпанија го затвори својот воздушен простор за летови поврзани со војната во Иран и претходно им забрани на Соединетите Американски Држави да ги користат воените бази Рота и Морон во Андалузија за операции.

Објектите долго време заеднички ги управуваа Шпанија и САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано ги критикува сојузниците на НАТО за она што го смета за недоволна поддршка во конфликтот.

Поврзани содржини