„ВАШАТА СИЛА Е ВО ГЛАСАЊЕТО, ПОКАЖЕТЕ ЈА В НЕДЕЛА“ Филипче повика на масовна излезност, вели дека СДСМ се враќа

СДСМ е тука за вас, на ваша страна. СДСМ се крена, СДСМ се враќа. СДСМ е партијата што донесе независност по мирен пат, што ја внесе Македонија во НАТО, што ги отвори вратите кон Европа, што секогаш беше со граѓаните и во кризи и кога беше најтешко. Да се бориме за држава што ќе биде место на сигурност, правда и достоинствен живот, рече лидерот на СДСМ вечерва во Крива Паланка.

233

Вашата сила е во гласањето. Ве повикувам да ја покажете таа ваша сила во недела, со масовно излегување на гласачките места. Со вашиот глас да пратите силна порака затоа што на Македонија ѝ се потребни промени, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на митинг во Крива Паланка.

Филипче се заблагодари за, како што рече, масовната поддршка и порача дека Македонија стои пред избор, дали ќе дозволи „нашиот дом власта да продолжи да го руши цигла по цигла, или народот ќе се обедини за да го зачува“.






– Ова не се обични локални избори. В недела одлучуваме дали ќе ја вратиме правдата, достоинството и чесноста во нашата земја. Одлучуваме за иднината на секое семејство, за сигурна иднина на младите, за држава во која трудот се цени, а не партиската книшка – истакна Филипче.

Тој рече дека СДСМ е партијата која секогаш ја водела Македонија напред, со конкретни политики и дела, а не со лаги и манипулации.

– Сакаме достоинствени плати за достоинствен живот, праведна држава и институции што служат на граѓаните. Тоа можеме да го постигнеме само ако во недела излеземе масовно и гласаме – за нашата држава, за нашиот дом, за број 5 – рече Филипче.

Тој упати повик за единство и активност.

– Време е да се исправиме, да ја покажеме нашата сила, да ја вратиме надежта и да ја вратиме државата во рацете на народот. Во недела, секој глас е важен. Се враќа силата на народот, се враќа СДСМ – рече Филипче.

Toj истакна дека овие локални избори се избори за одлука, „момент кога секој глас станува дел од голема приказна за обнова и единство, а гласот за СДСМ е глас за враќање на надежта во Македонија“.

– В недела одлучуваме дали ќе живееме во држава со ред, правда и чесност, или ќе во држава на хаос, корупција и привилегии за блиските на власта како што е сега. Или нашиот дом ќе продолжат да го рушат цигла по цигла, како во изминатите една ипол година, или сите заедно ќе го спасиме. Во недела одлучуваме дали лажниот патриотизам и поделбите ќе продолжат или љубовта кон татковината и заедништвото ќе надвладее, – рече Филипче.

Тој посочи дека сега не е време за апатија и разочараност, туку време за обединување и масовно гласање.

– СДСМ е тука за вас, на ваша страна. СДСМ се крена, СДСМ се враќа. СДСМ е партијата што донесе независност по мирен пат, што ја внесе Македонија во НАТО, што ги отвори вратите кон Европа, што секогаш беше со граѓаните и во кризи и кога беше најтешко. Да се бориме за држава што ќе биде место на сигурност, правда и достоинствен живот – рече Филипче.

Концептот на СДСМ, како што кажа Филипче, е концептот за општество во кое секој човек е важен.

– А тој концепт, тој граѓански дух, го изгубивме со ВМРО-ДПМНЕ. Нашата борба е за враќање на граѓанскиот концепт, за општество во кое никој не е над законот, и никој не е под достоинството што му припаѓа. Борбата на СДСМ е борба за подобри денови за Македонија, за домот што го сакаме, што го чуваме и што мора да го спасиме – рече Филипче.

Тој изјави дека СДСМ во Крива Паланка ќе слави победа уште во првиот круг.

Филипче истакна дека Крива Паланка е една од најубавите општини во државата и тоа, како што посочи, благодарение на посветената работа на градоначалникот на СДСМ и неговиот тим.

– За резултатот на Сашко во Крива Паланка јас вечерва нема зборувам. Вие тоа го знаете многу добро, се гледа на секоја страна во Крива Паланка, каде и да се заврти човек, делата зборуваат гласно. Овде се работело, а граѓаните тоа го гледат, го живеат секој ден. Затоа, нашата борба за Крива Паланка ќе продолжи со нов мандат, со победа на СДСМ и коалицијата и на советничките листи – рече Филипче.

Поврзани содржини