По барање на министерот за здравство Беким Сали денеска оставка од директорските позиции си дадоа директорката на Униврзитетската клиника за детски болести, Аспазија Софијанова и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, Никола Васев.
Според Фокус, двајцата директори биле на разговор во Кабинетот на министерот за здравство, каде од нив било побарано да си поднесат оставки, бидејќи секако ќе бидат разрешени од функциите.
– Во последниот период и на двете клиники имаше доста скандали поврзани со работата на директорите и поради тоа мораше да се преземе ваков чекор – вели Сали за Фокус.
Спротивно на оваа изјава, Васев тврди дека од првата позиција во Клиниката за онкологија се повлекува единствено поради лични причини.