ВАРХЕЈИ И ЗАЕВ ТВИТНАА ДЕКА СЕ СРЕТНАЛЕ Владата не соопшти за што разговарале

Владата не соопшти што разговарале еврокомесарот за проширување и премиерот.

359

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, дојде и си замина од Скопје, но официјално никој не соопшти што тој разговарал со претставниците од земјава.

Еврокомесарот објави на Твитер дека е во Скопје на средба со премиерот Зоран Заев. Наместо официјално соопштение,  премиерот го реобјави твитот на Вархеји.






„Среќен сум што се вратив во Скопје на целосна дискусија со премиерот Заев. Се согласивме за брз почеток на имплементирање на проектите од Економскиот инвестициски план за Западен Балкан за зајакнување на економскиот развојна Северна Македонија и регионот. Разговаравме како да постигнеме напредок во отворањето пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија”, напиша Вархеји.

 

Премиерот, пак, напиша:

„Денеска во Скопје имав средба со еврокомесарот Оливер Вархеји, со кого отворено разговараме на неколку теми како што е Економскиот инвестициски план, кој е навистина силен позитивен импулс за нас, до конкретни проекти кои ќе бидат објавени до крајот на годината”.

Поврзани содржини